Совети

Со консултација за Вашиот здравствен проблем во било која од Аптеките "Виола", ќе Ви се помогне со компетентен и стручен совет како и ќе Ви се посочи најадекватниот избор на лекови со кои сами ќе можете да ги надминете Вашите помали здравствени проблеми.
Нашите фармацевти, поседуваат знаење и неопходно искуство кое ќе Ве упати како да ги користите потребните лекови.

Голем избор на асортиман на лекови

Во Аптеки "Виола", грижата кон граѓаните за подобар и поздрав живот, ја манифестираме преку постојана снабденост со лекови, помошни лековити средства и медицински помагала, кои ќе ги најдате во секое време и во сите аптеки на Виола.

Ќе го издвоиме следниот асортиман кој можете да го набавите кај нас:

  • антиинфективи (антибиотици, антифунгици, антивиротици),
  • антидијабетици,
  • хормонски препарати,
  • хематологици,
  • псисхофармака (лекови кои дејствуваат на централниот нервен систем),
  • кардиоваскуларни лекови,
  • лекови кои дејствуваат на респираторниот систем,
  • лекови кои дејствуваат на дигестивниот тракт,
  • лекови кои дејствуваат на генитоуринарниот систем (уроантисептици),
  • лекови кои се применуваат во гинекологијата при породување и компликации,
  • дермохомотерапевтски лекови,
  • НАС - Антиревматици (нестероидни, антиинфламаторни лекови),
  • OTC препарати,
  • парафармацевтски препарати,
  • чаеви,
  • здрава храна и друго,
  • медицински униформи, анатмоски кломпи и папучи и други медицински помагала.

Покрај стандардниот асортиман на лекови, можете да најдете производи и од нашите партнери:

  • GRF од Италија, реномиран производител на медицински, анатомски кломпи со врвен квалитет, изработени од чиста кожа,
  • MM GLOBAL со брендовите MaxMedica, GeTea i Vita Foods за производство на додатоци во исхраната.
  • SANTE од Грција, производител на санитетски материјали (еластични завои, стегачи, гази итн.) други медицински помагала и униформи,
  • DrLuigi од Хрватска, производител на анатомски ортопедски кломпи со полиуретенски пресвиткувачки ѓон. Анатамските кломпи на DrLuigi се наменети за лица кои имаат проблем со: зглобови, циркулација и проширени вени, артритис, остеопороза, дијабетис, прекумерна дебелина.

Асортиманот е збогатен со различни медицински апарати како што се апаратите за мерење на глукоза во крвта, холестерол и триглицериди од реномираните фирми Medi-sense и Glucoval. Во асортиманот се влучени и голем број на светски козметицки линии и медицински козметики како: : Dr. Hauscka, Vichy, Avene, Eucerin, Neostrata и многу други.

Нашите фармацевти се служат со следната стручна литература: француски регистар на лекови - Vidal, германски регистар на лекови - ROTE, грчки регистар на лекови и регистар на лекови од Рeпублика Македонија. Истовремено, користиме и интернет-услуги, особено кога сакаме да се информираме за најновите лекови во светската фармацевтска индустрија.

Соработка

Виола - аптеките остваруваат соработка со Црвен крст, Скопје.

Share this post

Banner
Banner
Banner

Контакт

155x155Контакт:
Виола Трејд - Скопје
ул. Востаничка 59
1000 Скопје
+ 389 (02) 2736 462
тел./факс + 389 (02) 2720 438