Био спирулина

bio-spirulinaИЗВОР НА ВИТАЛНА ЕНЕРГИЈА
Оваа мала сино-зелена алга е позната по својата непроценлива вредност во фито-исхраната. Во времето на Ацтеките била позната како храна на Боговите, а во времето на Римјаните се користила како храна со висока енергетска вредност.

L’Arthrospira platensis, подобро позната како Алга Спирулина, претставува Цианофит, едноклеточна алга, со мали димензии, околу половина милиметар, припаѓа во семејството на Oscilatoriaceae, примитивни алги од класата на прокариоти. Претставува алга која содржи хранливи состојки кои тешко се наоѓаат во останатиот растителен свет. Содржи широк спектар на витамини, минерали, олигоелементи, аминокиселини, растителни влакна и различни хранливи материи. Меѓу главните витамини е и присуството на Бетакаротен и витамини од Б групата, вклучувајќи и витамин Б12, многу ретко застапен во растителниот свет. Од олигоелементите и минералите, има особено високи концентрации на Железо, Магнезиум и Калиум.

Протеинската фракција, со висока енергетска вредност, претставува 60-65% од масата на алгата и содржи 18 аминокиселини од вкупно 22 познати досега. Посебно богата со фенилаланин што ја прави Спирулината ефикасна во контролата на апетитот. Уште еден плус е присуството на масти, кои исто така имаат висока хранлива вредност, што се докажува со присуството на гамалиноленска киселина. Конечно, дури и пигментите типични за оваа алга играат важна биолошка улога поради своите антиоксидативни својства. Една таблета содржи 500мг алга Спирулина во прав.
Начин на употреба: Се препорачуваат 2-4 таблети дневно, пред оброк, со малку вода.

Био Спирулина 500:
Не содржи шеќер, ексципиенси, бои, конзерванси.

  • Одлична за тонирање на организмот.
  • Корисна во случај на физички замор и периоди на закрепнување.
  • Благодарение на присуството на протеини е корисена и за спортисти.
  • Корисен суплемент при држење на диета, бидејќи ја дава потребната енергија.
  • Корисна за вегетаријанци поради присуството на витамин Б12, кој недостига во вегетаријанската исхрана.
  • Се препорачува при дефицит на железо, во анемични состојби.
  • Наменет како за деца така и за возрасни.

Share this post

Banner
Banner
Banner

arga-155 beauty-nectar-155

biokap-155 biomasti-155

neosten-155 biosline-155

 

Контакт

155x155Контакт:
Виола Трејд - Скопје
ул. Востаничка 59
1000 Скопје
+ 389 (02) 2736 462
тел./факс + 389 (02) 2720 438