Неоцистин

neocistinЗА ЗДРАВ УРИНАРЕН ТРАКТ
Неоцистинот е патентирана формула, резултат на истражувањата на лабораториите на Biosline и содржи растителни компоненти корисни за одржување на физиолошката благосостојба на уринарниот тракт.
Содржи екстракт од плод од брусница со висока концентрација на проантоцијанидини, етерично масло од чајно дрво, витамин Ц и Д-маноза.

Проантоцијанидините од брусницата цврсто се врзуваат со E. Colli, бактерија која е главен предизвикувач на инфекциите на долниот уринарен тракт, и на тој начин ја спречуваат да се задржи на ѕидот на мочниот меур и да предизвика воспаление. Етеричното масло од чајно дрво има природен антисептичен ефект. Витамин Ц ја намалува pH вредноста на урината со што се создава неповолна средина за развој на бактеријата. Д-маноза е прост шеќер, моносахарид, кој откако ќе се апсорбира се елиминира преку бубрезите и во мочниот меур се врзува за бактерииите, спречувајќи го нивниот раст и развој.

Кога и зошто се користи: Се користи при инфекции на уринарниот тракт, кај пацинети склони кон појава на циститис и како дополнителна терапија во комбинација со антибиотик. Се препорачуваат 3 таблети дневно, 2 таблети навечер пред спиење и 1 таблета наутро, со најмалку 2 литри вода дневно. Како превенција се препорачува 1 таблета дневно навечер, во тек на најмалку 3 месеци.

Share this post

Banner
Banner
Banner

arga-155 beauty-nectar-155

biokap-155 biomasti-155

neosten-155 biosline-155

 

Контакт

155x155Контакт:
Виола Трејд - Скопје
ул. Востаничка 59
1000 Скопје
+ 389 (02) 2736 462
тел./факс + 389 (02) 2720 438