БОДИ ПЛАТ коли калм

bodyPlatПРИРОДНО РЕШЕНИЕ ПРОТИВ ВОСПАЛЕНИЕ НА КОЛОН

Колитис (воспаление на колонот) се карактеризира со абдоминална болка, притисок, грчеви, надуеност и нерегуларен интестинален тракт (со променливи периоди на опстипација и периоди на силна дијареа). Иако причините за појава на колитис не се јасни, се претпоставува дека состојбата на колитис има тесна поврзаност со состојби на психичка напнатост, стрес, анксиозност и возбуда.

Боди плат коли калм е патентирана формула во облик на гастрорезистентни капсули кои се ослободуваат при pH 7,2 присутна само во колонот.
Етерично масло од нане - предизвикува мускулна релаксација на интестиналниот ѕид и притоа се фаворизираат ритмичните контракции без грчеви. Главната активна компонента која предизвикува релаксација е ментол и негови деривати кои го блокираат навлегувањето на калциумовите јони во мускулните клетки и на тој начин ги редуцираат контракциите.

Ризом од куркума - содржи куркуминоиди (помеѓу кои куркуминот е најважната компонента) и етерично масло богато со сесквитерпени. Куркуминоидите имаат важни антиинфламаторни дејства на интестиналната мукоза. Плод од маслинка - екстрактот содржи олеуропеин и вербаскозиди, моќни антиоксиданси во гликозидна форма. Со ослободување на гликозата, се формира хидрокситирозол со најголема антиоксидативна активност.
Начин на употреба: 1-2 капсули дневно, далеку од оброк, со малку вода. Се препорачува третман од најмалку 10-15 дена. Производот не се џвака, се проголтува со малку вода.

Share this post

Banner
Banner
Banner

arga-155 beauty-nectar-155

biokap-155 biomasti-155

neosten-155 biosline-155

 

Контакт

155x155Контакт:
Виола Трејд - Скопје
ул. Востаничка 59
1000 Скопје
+ 389 (02) 2736 462
тел./факс + 389 (02) 2720 438