Еква прес

equapressЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА АРТЕРИСКИ КРВЕН ПРИТИСОК

Формулата Еква Прес содржи:

Листови од маслинка - содржат тритерпени, флавоноиди и секоиридоиди како олеуропеин. Екстрактот добиен од листовите на маслинка Olea europaea е корисен кај умерена артериска хипертензија. Хипотензивната активност се јавува поради периферната вазодилатација без негативни ефекти на срцето.

Ефектите се забележуваат по употреба во тек на подолг период. Листови и цветови од бел глог - има извонредни ефекти кај кардиоваскуларните проблеми кои се должат на следните механизми: подобрување на протокот на крв во срцето благодарејќи на дилатација на коронарните артерии, зголемување на контрактилната силата на срцевиот мускул (зголемување на ослободувањето на калциумовите јони), инхибиција на ензимот АЦЕ во трансформација на ангиотензин 1 во ангиотензин 2.

Белиот глог треба да се користи подолг период за да се забележат ефектите, односно потребни се две недели за да се постигне потребната концентрација во ткивата. Мешавина од плод од маслинка Olea europaea богата со хидрокситирозол и Витамин Е - плодот од маслинка е богат со хидрокситирозол, ефикасен поради: анти-липиден ефект со намалување на концентрацијата на ЛДЛ (лош холестерол) и триглицеридите во крвта, анти-хипертензивен ефект поради фаворизирање на протокот на крвта и го регулира притисокот, анти-оксидативен ефект спречувајќи ја оксидацијата на липидите со зголемување на концентрацијата на ензимите каталаза и СОД на ниво на црниот дроб. Витамин Е го потенцира анти-оксидативниот ефект на хидрокситирозолот. Никотинамид или Витамин Б3 го потенцира анти-липидниот ефект.

Начин на употреба: Се препорачуваат 2 таблети дневно после јадење со малку вода, во период од најмалку 20-25 дена.

*Не смее да се користи за време на бременост.

Share this post

Banner
Banner
Banner

arga-155 beauty-nectar-155

biokap-155 biomasti-155

neosten-155 biosline-155

 

Контакт

155x155Контакт:
Виола Трејд - Скопје
ул. Востаничка 59
1000 Скопје
+ 389 (02) 2736 462
тел./факс + 389 (02) 2720 438